RIBARO 2.0

May 22, 2007

ASN pls.

Filed under: Uncategorized — ribaro @ 8:48 pm

Се оградувам да не навредам некого уште на почеток, но болката ми е голема и поголема од сите алтруистички идеологии кои ги недрам во душа ми.
Имено…
Ми потече левото јајце.
Како, што…?
Еве:
Ова е коментарот на ASN оставен во постот на фемгерила Уривање на пирамидата:

…е textbook пример за симулакрум. И не само тоа, дебилната инклузивност ја прави оваа "позиција на моќ" пародична у права смисла. Јебала нас синергија. Далеку сме од топ-даун Закон, "омнисциентниот" систем не може сопствениот гз да си го види, а не па да биде авторитет кој треба да се лоцира…

А, Лила и Каролина ти се Батлеровски травестити… Све е тоа спектакл, игра. Нема Закон, нема ефемерност што Ганди би ја критикувал. Деколтето на Лила не е подложно на никаков мета-јазик кој ќе ја петрифицира глупоста во ситнобуржоаска митологема. Пред се, затоа што транзитивниот јазик на деколтето е однапред поништен низ карикатуризирањето на Законот….

ASN || 19 Мај, 2007 – 20:24 | одговори
  blog it

Откако го прочитав еднаш и уште еднаш и уште… си реков во себе и скриено:
- Да си ебам матер мора да е во право ASN!
Но, за секој случај го измолкнав Вујаклија од долапот и зедов да листам… Листам од симулакрум, па се до митологема и редум цели 1025 страници срања.
Си држам така едно темпо во листањето и папам гомца – Вујаклија, коментарот на ASN… коментарот, Вујаклија и…
Опа па, тирли ти ти…, си ја потврдив дилемата, во право е ASN!
Сега зедов, го исчитав коментарот уште еднаш целосно – без задршка и задоволен од мојата перфидна проникливост решив да се скрстам и да починам на отоманчето.

Станав од столот, но неможам целосно да се исправам. Ме болат јајцата  -  ми натечиле!
- Мора да е од  мајчин Вујаклија, го сетив како ми тежеше во скутот додека листав.
Не бев сигурен во тоа и не сакав безпредметно да обвинувам.
Ја зедов кујнската вага да го мерам лексиконот во тежина.
Вагата е ограничена до еден килограм, а овој тежи многу повеќе.

- Ма пизда му материн – помислив, но не изустив.

Го зедов дигитронот и матемаички се обидов да ја решам мадеболкава, поточно ме интересираше причината и интензитетот. Ги споредив отокот од мадево‘‘ во дијаметар со силата на гравитацијата, а претходно  решив да го поставам како константа моментот на поставување на лексиконот во скутот поделен со ирационалниот Пи.
Резултатот кој го добив ни од блиску не беше со моите очекувања.

- И тоа преку куров! – помислив, но не изустив.

Јајцата се уште ме болеа, а левото дури и загрижувачки.

Сакав да се држам за правото на избор на јазик на секој и да не го обвинувам ни ASN ни Вујаклија, но некако раката ми одеше накај левото јајце и решив да не се држам за правото на јазик, туку за левото јајце, зашто додека си го држев болката ми стивнуваше.

Не приметив кога нежно ме совладал сонот – мора да беше од убоста на топлината која ја недрев меѓу нозете.
Се подразбудив и се штрекнав

Во полу сон и нерасонет, колку и да се обидував не можев да си ја решам дилемата, па затоа упорно решив да си ги повторувам: симулакрум, инклузивност, синергија, омнисциентниот, Батлеровски травестити, ефемерност, петрифицира, митологема… и така непрестано, за да не случајно ги заборавам и го отечам и десниот ташак во друга прилика.

ASN pls. поштедиме!

Се извинувам што не сум Муграш и што немам поетски јазик за да ја доловам мојата мадеболка за да ме разберете, но тука е секогаш моќта на јазикот, топлината на усните и дудлачката ни нарација за да ја разјасни дилемата… Изборот е слободен.

2 Comments »

  1. Кај си бе море машко? :)

    Comment by bunka — May 24, 2007 @ 8:29 pm

  2. Bunkav, nema krienje a? :)

    Comment by ribaro — June 2, 2007 @ 10:19 pm


RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Leave a comment

Blog at WordPress.com.