Дајте да се регрутираме, зашто не се издржува веќе.
Да се организираме за да ја досјебиме до даска планетава и тоа одма и сега… она нас ќе не ограничува во фрустрации маме и ебем. Шо се умислува бе таа, да не‘ е единствена, да не‘ и се скрши алот ако и го бапниме цел нуклеарен арсенал шо го имаме или ако ги ставиме сите нафтоносни полиња во функција на максимална искористеност… озон-мозон нешто, туку да се мрчело ебате планетата ебате!? А и сама е крива бе. Нас ураниум од небо не ни падна, нафта не донесе баба ми Цвета од Локвица и не знам какви ли уште не срања, туку таа – планетата Земја, го има тоа во утробата, го произведува, а не знае да го скрие. Е шо сега, ние сме криви шо сме радознали и деструктивни? А земјотресите шо ни ги пушта, а?… мислиш не намерно е тоа што потоа откриваме некои минерали излезени случајно?! Абе ајде, туку не става во искушенија и потоа кабаетот наш е.
Планетава наша е патолошки случај со самоубиствени манири (нека кажи некој доктор правилна дијагноза) и од што е кукавица сама да се сјеби ни пика к** во очи и не тера да го сториме ние тоа место неа.
Ме изнервира ебате тоа планетата. Да се пазам сијалицата колку испушта јаглерод диоксид и слично?! Живи срања од типот на редукција на издувни гасови кај автомобилите… Абе еднаш се живее еј… Земјо! И не одам бе никаде за инает, ќе ја испустам и испостам скроз, па дури и тогаш ќе си седам мадро и ќе се ситам – ќе тегнам ладно скопско кај Игор в коперација и сеир ќе мавам!
Туку Hubble нека го мењаат побрзо или нека го преселат подалеку накај Уран, за да види асолно дали ја бива таа „Земја2“ или Gliese 581, а не само да претпоставува, па после да ни ја растури журката со муабет од типот:
- јеби га, млада била планетата (Gliese 581) што ја гледавме – скроз „плава“ ќе да е, значи има вода, ама само тоа има нема земја ич, а и сонцето ќе да е огромно од таа перспектива, па ќе расипува филинг на домашна идила.
Ок бе и за тоа има лек. Генетски ќе се измутираме и место раце – перки, место бели дробови – шкрги, и така се со ред. А што ако се запниме и една Enterprise изградиме на ворп со седишта за едно 4/5 милјарди луѓе и правац петсто осумдес кецот. Одиме на пат, а пред тоа сонди, роботи, едно-друго, извештаи кажуваат дека е рај таму и… курац, лага жива. Не сјебал некој NASA манијакално пореметен координатор на проектот – плод на мајчичка Замја, и ги испревртил резултатите во наша корист(?). И што тогаш, ајде назат, траскај се уште двајстина години по тоа темниците од свемирот. Налет друго, туку кој пак ќе се навикнува на раце и бели дробови – абе маки човечки.
Имам еден друг предлог зашто овај со мутацијава некако сумљив ми се гледа:
- Наместо ние да се селиме од овде и да одиме пичке си материна некаде 20 и кусур светлосни години јабана, да ги пратиме таму животинките.
Арка бе, наместо господ, ние да ја направиме и да изиграваме бог, па нели тоа ни е целта?! Бираме по еден пар од се‘ живо (освен луѓе), ги ставаме во арката, подесуваме апарати за хибернација и храна доволна за толку години колку што треба дури да стасаат и ги транспортираме на сигурно. Друго понатаму на нив е, нека се снајдат мајку му…Делфините ќе ги поставиме како водачи на другите животинки… Ем интелегентни се, ем перки имаат, а и онака не можиме да се разбериме со нив – само нервоза ни прават, па ете им шанса да се докажат. Не да ги потценувам делфините сега, ама абер да се немало од муабет – збор да не се гугнело, туку да се цивкало само некоја фрекфенција, а од друга страна сакаат да ги разбереме? Абе од гревот згора да ги испратиме во тоа арката, башка на високи притисоци отпорни се со тоа меурите или како ли веќе беше тоа, значи и ворпот полесно ќе го поднесат.
Е тогаш, ние овде, удри бригу на весеље ќе истераме и без грижа на совест(?) да ни се јави дека загрозуваме други. Ем ние здраво ќе ја спичкаме планетава, ем ќе ги спасиме тие што вредат да го продолжат видот.
Уф… замисли само каква р‘каница на се живо ќе удриме така олабавени, еј, абе лиги ми течат! Не сега дека нешто се устручаваме, ама замисли на раат да го испуштиме анималното кое го стегаме и загушуваме – лумперај и шо ти јас знам уште не…
По некое време, така утрипан си густирам во самотијата, грицкам лешничиња од оние потпечените кај истата коперација од погоре, а во позадина не оди песна на некој врабец (зашто го испратив на арката последниот пар, а на другите врапци им ебав матер како што ветив дека ќе терам ќефот), туку оди: earth song, а јас паѓам во транс ала Стиви Вондер бидеќи конечно ги заебавме делфините и другите животни.
Technorati Tags: nucler, weapon, oil, hubble, gliese581, enterprise, warp, dolphins, earth, song
