RIBARO 2.0

reloaded your world

Блоговите се ѓубре

Сум се степал - онака вистински, два пати. Првиот пат беше во ферка (ама здрава тепачка беше тоа и заврши со крвава усна и крвав нос) со мојот тогаш најдобар другар, а вториот пат во една така помасовна тепачка во центарот на Прилеп со епилог од зададено 5/6 бокса…
Е сега јас би за првата, но…

***

Без пардон, а и без усул е насловот на постот на Сеад испровоциран од дискусијата во емисијата „Пез пардон“ на МТВ1, во која покрај другите беа гости и Сашо Ордановски - Транспарентност Македонија и Роберто Беличанец - Центар за развој на медиуми. Двајцата си се надополнуваа во муабетот и во една прилика така ношарлантно ја исплескаа Блогосферата, абе дури да ти е мерак да ги слушаш онака елоквентни…
Еве како Сеад го парафразира нивниот муабет:

clipped from komunikacii.net

Она што се рече за блоговите за мене беше, и благо и слатко кажано, „тропање глупости“ (грандиозен еуфемизам во наводнициве). Роберто си Беличанец, кој знае симплицистички да тропа поприлично без многу пардонирање гебелсовски кажа „70-80% од блоговите се ѓубре, од кое пола се расистичко ѓубре“. Него и ќе го премолченв, но потоа се надоврза и Сашо Орданоски (екс-Форум, карентли Транспарентност Македонија), прафразисам, „(се согласувам со) она што го кажа Роберто, новинарството (сепак) е занает“. Како никој не се побунтува, остана како неофицијален заклучок и став искажан на јавниот сервис во поглед на блогерството „Блоговите се ѓубре!“.

  blog it

На тој негов пост, се навраќа (во коментар) Роберто Беличанец и мошне сочно ја дообјаснува својата теорија околу ништожноста на блогосферата а посебно во Македонија:


Роберто Беличанец
// Feb 6, 2008 at 2:31 pm

70-80 % од Блоговите СЕ ѓубре. 50 % од Блоговите СЕ расистичко ѓубре.
На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.
Децентрализацијата на комуникациите нужно доведува до шум. И тој шум е 70-80 % присутен на македонската блогосфера. И тоа е нормално. Не ми е јасно зошто толку се возбудувате.
Она што е битно во таа емисија, а истото јас го кажав е дека и класичното новинарство во светски размери умре оној ден кога репортерите од најголемите светски медиуми го прифатија концептот на т.н.р. „Вметнато новинарство“, односно кога прифатија, заради подобри снимки да влезат во оклопните возила на Американската армија во Ирак.
Традиционалните медиуми ги тресе криза на кредибилитет, потполно се избушени од односите на капиталот и моќта. Во Македонија тој проблем е уште поголем. Но, назад на темава. Дали блоговите се здрава алтернатива… Мое мислење е дека не се… И ова може повторно да си го подведете под „тропање на глупости“, но тоа повторно нема да ги промени фактите. Блоговите, со чест на исклучоците, се места каде што МИСЛЕЊАТА и КОМЕНТАРИТЕ на мислењета се основната форма преку која се пласираат содржини. Се разбира дека се додаваат и аудиовизуелни содржини креирани од корисниците но тоа во суштина не ја менува многу работата… Клучната функција на медиумиот… информирањето блоговите не успеваат да ја исполнат. Од тој аспект ние во македонија не можеме да зборуваме за т.н.р. демократизирано или веќе ако сакате така да го нарекувате децентрализирано новинарство. Дури и во светски размери таквите појави на блогосферата се ретки. Во таа смисла, алтернативата на традиционалните медиуми на мрежата се порталите, но и веб сајтовите на традиционалните медиумски конгломерати кои се приспособуваат на технологијата.
Ако добро ме слушавте, пред да го напишете кометарот ќе чуевте дека реков: “ Новинарството во Македонија денес е можно само како субверзија… не сум сигурен дека блоговите тоа го овозможуваат затоа што 70-80% од нив се ѓубре, а околу 50 % од нив се расистичко ѓубре“.
Очигледно дека стариот намќор Хераклит бил во право кога рекол дека: „очите и ушите им се лоши сведоци на оние кои што имаат варварски уши“.
Значи ајде да ја дообјаснам изјавата затоа што сметам дека секој комуникациски канал е битен и дека заслужува внимание, а очигледно блогерската заедница има проблем со оваа изјава“.
Новинарството во Македонија страда од недостиг на професионализам кој што е директно поврзан со односите на моќ во општеството. Од тука произлегува дека професионалното обавување на таа професија (со почитување на стандардите што се мачно изградувани од појавата на првиот весник до денес) во Македонија, во традиционалните медиуми, во овој момент не е можно или е можно само на маргините како субверзија на главниот тек. И потоа додадов дека не сум сигурен оти блоговите се медиумиот низ кој што тоа може да се оствари. Поентата е дека шумот е преголем.
Не велам во ниту еден момент дека нема квалитетни блогови… Само велам дека тоа се комуиникациски канали кои не се медиуми, ниту тоа можат да станат. Некои од нив со тек на време и со посветеноста на авторите можеби ќе еволуираат во такво нешто. Јас лично имам едно 5-6 фаворити во Македонската блогосфера, но во моментов тоа не е така. И затоа пред да се почуствувате нападнати, пред да почнете со големи наративи од типот на “децентрализација на светот“ (а ова е тема за посебна дискусија, зашто ако е толку децентрализирана работата зошто ОН.НЕТ има поставено медиа концентратор како главна појдовна точка кон огромен дел од македонската блогосфера и што е тука деконцентрирано… пристапот ли…) погледнете во себе. Самите се нарекувате блогерска заедница.
Тоа зборува за две работи: 1. Дека нема публика во класична смисла туку дека функционирате како полузатворен свет. 2. Она што го произведувате е на ниво на меѓусебен муабет за одредени прашања… што пак по дефиниција е интерперсонална комуникација… т.е. немедиумска комуникација.
Она што најмногу ме загрижува е табиетот да не се потпишувате со вистинското име и презиме туку со никови…
Се срамите ли од своите мислења… Се плашите ли од тоа што го мислите да не се поврзе со конкретна личност… Толку ли се чувствувате слаби и немоќни во сопствената кожа… На крајот ни тоа не ме интерсира бидејќи тоа покажува незрелост за човечка комуникација за која што пред воопшто да започне комуникаторот треба да се легитимира.
Од искуство во традиционалните медиуми знам дека најголемите гнасотии се направени со непотпишани текстови, а псевдонимите речиси секогаш биле употребувани само од кукавички побуди… тогаш кога авторот не бил подготвен да се соочи со последиците од својот текст.
И на крајот, рефлексот да се браните кога никој не ве напаѓа, потребата да се видите сите во тие 70-80% што не чинат толку слатко ја открива вашата несигурност во она што го правите. И јас сакам да видам децентрализиран свет… но ако цената за таквиот свет е кукавичлукот тогаш засегош ќе останам од другата страна.

За на крај - Беличанец, да повика на отворена дебата во негова организација, за која сеуште не е дефинирано каде и кога ќе се одржи.

Е сега, бидеќи нема да бидам присутен на таа евентуална дебата, еве го моето видување:

Уф каква здрава шамарчина ни ракоплесна еден од креаторите на законот за радио дифузија од врхушката (без иронија) и медиумската алфа и омега во Македонија, просто не ми се верува.
Еве и нека држат нападите: процентуалната логика, шумот, иако изведени паушално. Најмногу боли тоа што не го признава блогот како медиум, туку само како (молим ти се лепо) комуникациски канал. Значи, ние овде, си месинџеруваме и не сме доследно информативни, а таму неколку дневни весници и неделници кои копи-пастираат од нашите и странските новински агенции и преведуваат цели статии од странските медиуми и ништо повеќе, се релевантни чинители на јавното мнение? А за тоа дека ја гледа алтернативата во порталите, не ми се трошат зборови.
Немој Боби, молим те! Знам дека порасна со „Commodore 64“, дека не си паднат од небо и дека дури јас копав црвци и шутирав конзерви ти учеше BASIC, но на оној палзилери пајташки муабет со Ордановски што го затеравте ич не му ја контам поентата. Ако не за друго, туку што немаше ни еден претставник од блогосферата за да може да се одбрани, па остана констатацијата (како што посочи и Сеад) дека блогосферата е ѓубре недостојно за внимание. Ај еве за момент заборави дека блогот не е медиум и врати се на процентите.
Кажи ми (процентуално), колку од македонските дневни и неделни весници заслужуваат внимание… Колку од телевизиите се потпираат на своите репортерски и изворни информации, а помалку на агенциските. По мојата математика во најоптимистички случај процентот не е поголем од 10%.

За разлика од тие бледи и мртви „медиуми“, блогот не ретко располага со лепеза од индивидуални коментари за одредена актуелна тема поткрепен со анализа, која линкувано задира до сите достапни извори моментално постоечки и релевантни за одредената тема на постот што е предмет на анализа.
И кој е сега порелевантен и информациски побогат и подоследен? Оној кој успеал да ја долови атмосферата на пишаното од триста пичкесиматерина аспекти или оној кој слепо се врзал агенциски и пренесува вест и згора на тоа речиси во 99% од случаите не кажува кој е оригиналниот извор на веста?
И зошто сега да нема место за блогот како медиум? Зошто упорно се маргинализира улогата на блогот? Немој молимте со она дека коментарите се не потпишани и бла-бла цмиздрави лигавења кои btw успешно ги надминуваме. Не е ваљда од страв од неколку беспомошни пискарала, не реализирани интелектуалци, новинари, маниајкално надркани средовечни чичиња, писатели, самохрани мајки со вишок на време, квази историчари и сексуално не задоволени домаќинки, нафурани професори и профеосорици и какви ли уште не маргинализирани персони кои (како што вели Ванковска) вежбаат демократија удобно скриени позади измислени никови и прекари?

Кого штитите со Ордановски: Сузе, Латас, Младенов или независниот(?) Божиновки го штитите од нас, кого…? Веродостојноста на информацијата? Што штитите или поточно, на што му давате простор?
Или најверно ми е дека нè штитите од самите себе. Да не случајно се повредиме вежбајќи демократија или не дај боже да не се навредиме и испорезилиме низ нетов и светов практикуваќи како што ја нарече погоре - канална комуникација, па да се зацапаме во некои бразди и бездни и така очорени да не видиме кој кого мачка и дебело подмачкува во информацискиот простор, а?

И да, блоговите се субверзивната алатко која може да го поткренат и поткрепат недостатокот од објективност во иформирањето со самото тоа што блогерот е уредник сам на себе и единствена цензура под која подлежи и која треба да ја совлада е автоцензурата. Не знам оти не можеш да видиш толку очигледна работа? Боби, тоа не се прави со минирање на еден алтернативен (сакал ти признал или не) медиум како што е блогот, тоа се прави со поддршка, а посебно е потребно таа да доаѓа од Центарот за развој на медиуми, тоа ми изгледа толку логично, нели?

***

Оној првиот пасус од муабетот - за тепачките, не е нафрлен туку така.
Имено, еден од двајцата протагонисти во ферката е токму Роберто Беличанец, па затоа така лично му се обраќам со Боби. Не дека му останав должен за нешто, туку дека инсистира да се потпишиме со својот идентитет позади кажанот, демек имало поголема тежина тогаш.
Па еве…
Пс И во една така опуштена, цивилизирана, тивка, издишана атмосфера како што вели Ордановски и може да се виде од клипот, ги направи блоговите бербап.
Замислите што би се случило кога атмосферата би бил поинаква.

February 13, 2008 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

top.net.mk

Image Hosted by ImageShack.us

(клик на фотката, за флешот)

И додека во Собранието на РМ, а гледам и во блогосферава ни македонска се случуваат значајни турбуленции низ кои струјат „негативни“ вибрации кои имаат тенденција тектонски да ги сменат работите, ние си зафативме една неизлечива инфекција со дијагноза:
Топнетис Македони или на латиница:

 

http://top.net.mk.

Абе мене не ми се брзаше, зашто сепак е уште бета, ама овој Дилан запна, па тоа е.
Е сега, како што видовте во флешот - Боб Дилан вели дека сајтов е лесна храна за мозок, но имајте на ум што сè може да се очекува од првоинфицираните.

September 26, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

Глуп/п/ост

Image Hosted by ImageShack.us

„Има милиони блогери низ светот. Секој со сопствен стил и глас, а сепак само некои се издвојуваат од сите. Овие топ батки се придвижувачи и тресачи на блогосферата. Кога тие зборуваат блог-светот слуша. Ова се 50-те највлијателни топ блогери и ако не сте ги знаеле еве ви шанса да ги запознаете“ - northxeast.

Половината од нив редовно ги следам, но има двајца блогери од листата
чии имиња асоцираат одлична поволност за мене. Не дека сум суеверен, но
зошто па да не :)

Ако влезиш пак во една површна анализа, ќе се види дека не постои никакво правило за тоа како се станува влијателен блогер во светот. Малку е нонсенс да речам дека истот важи и за нас, барем во сегашнава МБЗ, зашто сме далеку од некакво влијание. Овде мора да му признаам на gemidjy дека е во право за една одамнешна препирка.

Сум си го поставувал ова прашање често. Еве, кажете колку мина пријатели од вашето опкружување читаат и анализираат блог стории? Колку мина се навраќаат на скриените социјално-политички (понекогаш) моќни пораки кои се кријат во навидум сеирџиските текстови и фото постови?
Зошто е тоа така, кај нас:

  • Малку сме… ?
  • Глупи сме… ?
  • Нема народот пристап до интернет… ?
  • Од целокупните домашни случувања нè зафаќа некоја летаргија или уште полошо - апатија…?
  • Подлежни сме на конвенционален афторитатизам од класичните медиуми… ?
  • Блогосферата е разбрана како едно сеир поле за издишување и забегување од реалноста… ?

А?

… Или кур не боли, па и така ние ништо не можеме да смениме.

Кој и да е одговорот на овие прашања, тој е израз на нашето живеење или живуркање, но едновремено - тоа е и одраз на нашиот менталитет и на начинот како ние се бориме и ги кажуваме нашите ставови и стравови. Колку навистина сме подготвени да се избориме за нашиот став и колку сме моќни да го изгониме стравот, е тука доаѓа до израз нашата индивидуална моќ/немоќ. Несакајќи, можеби и тука лежи одговорот на тоа: зошто блогерите во Македонија имаат таква немоќ во целокупното живеење. Ма кој ќе ти знае, ваљда тоа е некоја виша математика со намерно неоткриена непозната која вешто се крие во нашиот несреќно зачаурен генетски код ма колку и да не сакаме така да размислуваме и признаеме.

Дотогаш (а до кога е тоа дотогаш, жити сè?!), ќе си читаме, крадеме, споделуваме, мудрост од светот…
Но, што со таа пасивност и до кога?!
Не дека не се поставиле овие прашања и до сега, но можеби некој ќе постави уште некое прашање… Мора бре од некаде да се почни, па макар и со вака глуп/п/ост!

пс: Не е Супермен секој што лета. Некој е Супербудала, а некој можеби и блогер.

Technorati Tags: , , , , , ,

September 13, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

Кај Папата

… Каде живее овој мудар батка си се прашав и тргнав на пат да збирам мудрост и скромност од лице место. Стасав како стасав и го замолив да бидам гостин кај него дома. Ме прими. Воодушевен од мојата истрајна голгота низ лавиринтите на себеспознавањето и жедта за мудрост, рече дека дека секогаш издвојува време за далечен роднина на Петре Карпата и дека тој лично ќе ме прошета. Во тој момент - наклонет од пониз пред величината и загледан во калливите рибарски ми чизми, не знаев по која лоза спомнатиот Петре Карпата ми е род, но ми одговараше тоа, па си ветив да премолчам. Сложно - рамо до рамо со големиот мудрец тргнавме во обиколка која водеше низ поплочен тесен пат се до ридот каде што се наѕираше неговата куќа.

- Скромен дом имаш бато - му се обратив срдечно додека чекоревме низ неговата градина што мирисаше на спокој и мир со природата и со себе. Во тие моменти можев да заприметам од каде овој мудрец ја црпи сета енергија за така благонаклони и благородни проповеди. Овој човек - светец со безвремени визии, понатаму ме водеше во внатрешноста, но љубезно ме замоли да се воздржам од фотографирање за да не ги вознемирувам спокојот на столетната убавина која на места беше со раскошни мозаици, тешки таписерии, скулптури од мермер украсени со бесценети камења, удобни софи, махагон столови и што ли уште не. Некој лад ми проструи во градите од сето тоа, но од почит не се осмелив да се стресам. Мислам дека го запримети моето нелагодно студенило, но како добар домаќин не изусти ништо.

Во една од одаите беше поставена трпезарија со два стола. Ме покани на гозба. Додека се цедеа соковите од изобилната храна во лакомата ми уста, не знам како издржав да не ц‘цкам бидеќи во забите ми беше застанала една коска од печеното пиле во мед, но со краен напор успеав да бидам пристоен. Предложи да излеземе. Надвор нè чекаше еден чудно дотеран дечко и не упати кон возилото кое исто беше бело. како и облеката на домаќинот.

Овде сè е бело - заприметив!
На неговите усни ја забележав само милната насмевка додека се трудеше да ја игнорира мојата рибарска реа, иако ја имав ставено најновата облека. Бре, да можев да игнорирам јас вака сè што ми сметаше и да го одбегнував секој сомнеж што ќе ми се родеше во простава ми глава, тогаш сигурно немаше да се заберам на волку долг пат бараќи ја мудроста и скромноста, туку ќе си седев во чамчето и мирно ќе си ловев задоволен со сè  и со себе.
Веројатно тоа е патот кој мора секој да го помине за да се спознае - помислив, а колата полека сопре пред перонот бр. 24. Се поздравивме. Понизно бакнав рака, се заблагодарив што ме опули и на заминување сосема нечујно го слушнав како изусти:

- Слушај што зборувам, не гледај што…

Од  мајчиниот рикот на сирената не ги дочув до крај последните зборови на бато Бенедикт и дури се завртив да препрашам, го видов како се изгуби со својата грандиозност накај соседниот перон поставен на спротивната страна, сигурно пречекувајќи некој друг рибар или столар или бравар, па како и мене да му го покажи патот до скромноста.
Тргна возот. По патот се трудев да не ги забележувам гладните дечиња кои молеа за корка од едноставна причина - знаев дека ќе дојде и нивниот ред да го посетат мудрецот и да вкусат од неговата скромност.

Стасав дома. Седнав во чамчето и запловив. Со изветвениот ракав од кошулата што зјаеше кај лактот, го избришав челото од пот - која беше се насобрала дур ги молкнев ноќешните мрежи и подждригнав. Во воздухот  ја сетив миризбата од пилето во мед и решив да живеам скромно и во сеќавања.
Само за едно жалев. Жал ми беше што не ја дослушнав реченицата што ми ја шепна на заминување бато Бенедикт.

Но… што ме натера на вакво патешествие?

Папата Бенедикт 16. ги повика денеска младите да бидат скромни
На миса пред половина милион верници
во италијанското гратче Лорета, римокатоличкиот поглавар и порача на младата
популација „да не ги следат моделите на живот втемелени на препотентност и
успех по секоја цена“.

макфакс

Technorati Tags: , , , , , , , ,

September 10, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

Stephen Hawking во The Simpsons

На препорака од неговата ќерка Lucy - која познавала еден од сценаристите, Dr. Stephen Hawking игра во една серија на Симпсоните и вели дека е воодушевен од нив.

September 9, 2007 Posted by ribaro | video | | No Comments

Fuck - граматичка употреба

   Fuck е еден од најинтерсните, живописни зборови во англискиот јазик. Fuck, трпи многу граматички варијанти. Се употребува како преоден глагол (John fucked Mary - Џон ја еба Мери) и како непреоден глагол (Mary was fucked by John - Мери беше ебана од Џон). Може да биде и активен глагол (John really gives a fuck - Џон навистина ебено се грижи) или пасивен (Mary really doesn’t give a fuck - Мери навистина ич не го ебе). Може да биде и прилог (Mary is fucking interested in John - Мери е ебано заинтересирана за Џон), а и именка  (Mary is a fine fuck - Мери е добра ебачица). Еве како е кога е придавка  (Mary is fucking beautiful - Ма Мери е јебена лепотица). Уствари, ако смеам да додадам самото име „Мери“ искористено во примеров е ебено ебачко.

Вака некако би одела употребата на зборот fack  во различни ситуации без сексуална конотација:

  • Insurance fraud: I got fucked by my agent.
  • Happiness: I got fucked by my girlfriend.
  • Dismay: Oh fuck it.
  • Frustration: Fuck.
  • Amazement: Well, fuck.
  • Trouble: I guess I’m fucked now.
  • Aggression: Fuck you.
  • Passive: Fuck me.
  • Anger: Fuck it.
  • Confusion: What the fuck is going on?
  • Difficulty: I can’t understand my fucking homework.
  • Curiosity: What the fuck are you doing?
  • Despair: Fucked again.
  • Uncaring: Who gives a fuck?
  • Religious: Holy fuck!
  • Incompetence: He’s all fucked up.
  • Laziness: He’s just fucking around.
  • Rebellion: Fuck off.
  • Romantic: Let’s fuck.
  • Fear: Oh fuck.
  • Displeasure: What the fuck is happening?
  • It can be used in descriptive anatomy: He’s a fucking asshole.
  • It can be used to suggest ideas: Go fuck a tree,
  • It can be used to tell time: It’s fucking 5:30
  • It can be used in business: How did I get this fucking job?
  • It can have maternal connections: Motherfucker.
  • It can be nautical: Fuck the admiral.
  • It can be political: Fuck Trudeau.
  • It can be medical: Re-fucking-tarded.
  • It can open the door to new relationships: Let’s fuck.
  • It can enhance the meaning of a word: Beauti-fucking-ful.

земено преку ова од овде

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
Ова отприлика би билa употребата на зборот fuck, добро искористен и граматички богат кај англичаните, кој кај нас малку е запоставен од велат „етички“ причини.
Знаете, нели, ние сме многу културен народ, со корени и традиција која не дозволува слободна употреба на некои увезени зборови, па затоа го поставувам прашањето во превод.
Еве на пример, што би било „ебат“ во даденава реченица:

  • Политичарите нè ебат во здрав мозок! - глагол, мисловна дупачка и/или факт?

… Но (бидеќи го мразам зборот „нејсе“) ќе речам:
- јебига, сакав овој пост да го искористам и како епилог на моите социјалнo-безбедносни, а од други толкувани како политички коментари на дневно актуелните настани… или во контекст на погорниов муабет:
Go and fuck your self you  fucking assholes!

 

 

September 2, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | 2 Comments

Графит?

Image Hosted by ImageShack.us

Графит или…?

September 2, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

Македонија 2025

Деновиве во посета на Македонија е невладината организација - Македонија 2025. Тоа е независна и неполитичка организација посветена да помага во зајакнување на економијата на Р. Македонија. Она што го прави овој проект посебен е различноста (по струки) на учесниците во истиот, односно, тој е составен од најуспешните Македонци претежно од дијаспората: Мајк Зафировски - Nortel, Џон Битов - Priszm, Лу Наумовски, Сузана Ничовски - Summer Fresh Salads, Др. Ченто Велјановски - Case Associates
Овие и многу други умни батки ги здружуваат своите потенцијали за да помогнат на Македонија, а истовремено и повикуваат на сите кои се чувствуваат способни да им се придружат.

… Но, кој ми е мене рибарскиот муабет:

Обрнете внимание на домејнот и подомејнот на веб страната на Македонија 2025

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

(клик на сликата за поголема)

Се надевам дека домејнот на нивната веб страна: http://www.unrealideas.net/macedonia2025/ ненамерно е несреќно одбран, зашто ако се поврзе со слоганот на страната: Bilding a stronger nation се добива смешна и несериозна асоцијација :)

Technorati Tags: , ,

September 2, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | 2 Comments

Јаболко

Како продолжение на претходниот пост и реакциите…

Абе батковци и дадички, организирани или институцијализирани залагачи за слободен софтвер и комплетно и-живеењее и пропагирањето на информатичко опшество во Македонија, дај олабавете малку. Оваа ситуација со “CC” како порачана дојде за да се преброите и прочистите.

Шо ми е муабетот?

Абе кур ме боли мене дали Метаморфозис или некој друг е организатор на дешавката. Битно е тоа дека се случува и дека стануваме дел од големото семејство на Creative Commons. Туку дај вадете ги главите од небо и почнете да ни ја објаснувате нам на неупатените придобивката од користењето на слободниот софтвер и следствено сите придружни алатки.

Не велам дека не работите, работите и тоа многу - колку што можам да видам јас во последнава година, а и сум се запознал со некои активни членови, но мора да го смените пристапот за ширење на зборот, мора! Излезете од „гик“ филмот кој малкумина го разбират а со кој упорно се идентификувате, зашто вие сте тие кои знаете, но дали можете да ширите и споделите, или поточно зошто не можете да ширите е вистинското прашање?

На членовите на заедницата им препорачувам да му се заблагодарат со по еден телевизор во боја на Џедај мајсторот во своите редови кој работи за билдање на своето его, а не од љубов да сподели. Не можи бе Арангел (еден од видните(?) членови на заедницата) во скорешен пост, па колку и да е изреволтиран да пиши:

 

 

clipped from ufo.linux.net.mk

Со положена заклетва и потпишан манифест, често несфатени од простата народна маса, луѓето од Слободен софтвер Македонија со надчовечки напори се трудат да направат нешто добро за општеството во кое што живеат.

  blog it

и да се однесува со потенцијалните корисници на „производот“ што го пропагира како со овци и притоа да бара резултат. Најтрагично од сé е тоа што се повикува на заедницата.

Бујрум, ако и вие го делите истото мислење со АрангелеТА за простата маса, ако застанувате на браникот на личното познанство со него, кажете да си направиме сите клан заедници и да се бичиме со камења, па кој е по прецизен или кој има потврда глава нека победи, а не вака.

Проста маса еј, абе од ум не ми излегува што прочитав погоре…?! Абе Арангеле, а на кој тоа треба ти да му беседиш за слободен софтвер и отворен код, на простата маса? Како ти - јаден, мислиш да се држиш до: принципите на демократија, транспарентост, плурализам и конзистентност (дел од член 3 на манифестот), па ти бе мамина мазо си антипропаганда за слободниот софтвер и „идеологијата“ за споделување знаење…?

… И за крај, никако не ги поистоветувам другите членови на заедницата со поединецов џедај, но: - едно скапано јаболко во иста корпа со другите може голема штета да направи.

… А ако се прашувате кој кур фактор сум јас да се мешам во проблематика за која сметате дека немам благе везе (а и не сте техничи далеку од вистината), размислете која ви е целната група - размислете за „простата народна маса“ со која се идентификувам, па почнете да се идентификувате и вие.

 

September 2, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments

CC - ц ц ц…

 

Image Hosted by ImageShack.us

Абе, кај дојде мајчин јапонец, кај се запусти, па ни ги разниша информатичките редови?

Ако се прашувате што е муабетов, уствари за што се расправа кај Би во нејзиниот пост, поточно во коментарите?… ич не се мачето. Тоа сигурно е некоја од оние веќе видени работи - „си ги мерат на кој му е подолг.“

Мене ич кур не ме боли за тој нивни куропецачки натпревар, но еве шо ми засмета како посматрач  и корисник на лиценцата, а се однесува на нашата „интернет елита“:

Зошто бе нема никој (освен Метаморфозис - објавени македонските лиценци Криејтив комонс, кои беа и организатори за вчерашниот настан во Холидеј Ин и Струмјан што покрај другото дава и линк до првиот нацрт од лиценцата на македонски) да ја искористи промоцијата за комплетно, критички или нека биде и критизерски осврт на тоа: што и какво е значењето на користење на лиценците Криејтив комонс (CC). Па да каже - кои се придобивките на авторите, што добива заедницата, како да им се објасни на луѓето да ја користат, зошто да се користат Криејтив комонс лиценците и слично, а?

… Или вие сé си знаете, па нема потреба од објаснување?!

Ај да не бидам обвинет за дежурен мрчач, еве едно видео постирано на dotSUB со превод на македонски, кое го објаснува сето тоа околу Криејтив комнос линценците, а ова е веб сајтот:

WWW.CREATIVECOMMONS.ORG.MK

Уз муабетов, врската до видеото која на Кајмакот ја постави Гемиџи достигна рекордни 21 гласа!? Незнам зошто не може да се разбере од пооделните корисници на интернетот во Македонија потребата од користење на оваа можност што ја нуди Кајмакот за афирмација на македонските содржини достапни во електронска форма?

Навистина не ми е јасно, како е можно толку малку корисници (па и блогери корисници) да го користат Кајмакот за промоција на интересни содржини од нет… Зошто?

September 2, 2007 Posted by ribaro | Uncategorized | | No Comments